ПЕТ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО – СЛОБОДЕН СТИЛ У-20

мај 11, 2024
1 min read

Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Бучим“ денес во Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш се одржа „Државно првенство во борење слободен стил за мажи и жени У-20.

Борачите на „Спартак“ од Кочани на првенството учествуваа со седум борачи кои во конкуренција на 80 борачи од 18 боречки клубови од Македонија освоија 1 второ, 4 трети и 2 петти места.

Дамјан Крстов во категорија до 57 килограми го освои сребрениот медал а со бронза се закитија: Петар Лазаревски (74 кгр), Петар Иванов (86кгр), Ненад Максимов (92 кгр) и Бојан Георгиев (92 кгр).

Без медал останаа Благој Тасевски (61 кгр) и Бојан Гигов (74 кгр) кои на крајот го освоија петтото место.

Борачите на „Спартак“ ги водеше тренерскиот двоец Влатко Соколов и Иван Јанев, а додека правдата ја делеа и кочанските судии Игор Христов и Гоце Ангелов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ