Во организација на Боречката федерација на македонија а со техничка организација на БК „Балканец“ – Штип, денес во „градот под Исарот“ се одржа „Државното првенство во борење слободен стил за кадети и борење на жени У-17“.
Борачите на „Спартак“ на првенството учествуваа со 10 борачи кои по завршувањето на натпреварите освоија 1 златен и 4 бронзени медали.
Златниот медал го освои Даријан Павлев во категоријата до 65 килограми, додека освојувачи на бронзените медали се: стојана Митева во категоријата до 53 килограми, Стојанче Андонов во категоријата до 55 килограми, Павел Темелков во категоријата до 71 килограм, Филип Ангелов во категоријата до 80 килограми.
Останатите борачи Филип Јакимов, Јован Илијев, Андреј Јованов, Христијан Илијев и Петар Богданов натпреварувањето го завршија на петтото место.
Екипата на „Спартак“ ја предводеше судискиот двоец Александар Павлев и Иван јанев, а додека Гоце Ангелов и Игор Христов беа едни од делителите на правдата.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ