ПЕТРОВДЕНСКА ПОНУДА НА НАСТАНИ

јули 10, 2023
0 минути

Во рамките на програмата од општинската манифестација „Петровден 2023“, вечерва во 17 ч. во ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани ќе биде промовирано делото на Далибор Стојанов – „Кога тајно ги мамев чувствата“. Промотор ќе биде Александра Закова Цветков, а модератор – Верица Паунова Дамеска. Поетската збирка на роднокрајниот автор Стојанов е второ негово дело.

Во пресрет на Петровден, на 11 јули, во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани ќе се одржи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион, а во 18:30 ч. ќе има литија и кршење на славскиот колач во Градскиот парк. Вечерта во 19 ч., во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“, изложба под наслов „Св. Петар и Павле“ ќе има авторот Влатко Анчов од Кочани, а во 19:30 ч. во салата на Мултикултурниот центар ќе се одржи концерт на духовна музика.

На 12 јули, во 8 ч., во црквата „Св. вмч. Георгиј“ ќе се одржи света божествена литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион; во 11 ч., во МКЦ градоначалникот Љупчо Папазов ќе има средба со најдобрите ученици, а во 19 ч. ќе се одигра финалето и ќе бидат прогласени најуспешните од Петровденскиот турнир во мал фудбал. Во Паркот на Револуцијата, од 20:30 ч. концерт ќе одржи групата ДНК.

На 13 јули, со почеток во 19 ч., во салата на МКЦ ќе се одржи настанот под наслов „Метрички карван“, на кој ќе биде промовирана поетска збирка во издание на Библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија.

На 16 јули, Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ ќе го организира традиционалниот, 16. Петровденски планинарски марш. Заинтересираните ќе можат да се искачат до врвот Китка на Осоговските Планини.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ