Вечерва на повеќенаменското спортско игралиште во дворот на ОУ „СВ. Кирил и Методиј“ се одиграа првите два полуфинални натпревара натпревари од годинешното 21. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал.
Гледачите видоа два мошне интересни натпревари во кои победниците беа решени во вториот дел од натпреварот.
Во првиот натпревар екипата на „Амфенол“ со пресврт 2 во 1 славеше против „Аледар“ со резултат 4:3 (1:2).
Во вториот натпревар после полувреме без голови во вториот дел играчите на „Ауто велт“ се разиграа а и ефикасноста беше на завидно ниво па сосема заслужено го совлада „Џинџер бар“ 4:0 (0:0).
Утре на програмата се преостанатите два 1/4 финални натпревара.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ