Вториот ден донесе два мошне интересни и преди се неизвесни натпревари во склоп на годинешниот 21. Петровденски турнир во мал фудбал.
Во првиот натпревар се сретнаа екипите на „Џинџер бар“ и „Рели“, а по доста возбудувања натпреварот заврши без победник 2:2 (1:1).
Во вториот натпревар гледачите видоа исто така добар фудбал со многу шанси и неизвесност до самиот крај. Екипата на „Аледар“ загуби од „Ефремови“ 1:3 (1:2)
Утре, Петок на програмата се нови два натпревара:
19:00 „Еуро петрол“ – „Филтеа“
20:00 „Амфенол“ – Магнифициент“
С. Ивановски