ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛ, ШТО НАПРАВИЈА НЕКОИ ОД МОИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ

ноември 11, 2025
0 минути

Без посебен вовед само објава на наш читател кој како што пишува е разочаран на дел од неговите сопартијци  за нивното однесување за време на Локалните избори. Во писменото обраќање се вели:

„Повеќе од дваесет години сум член на СДСМ и верувајте дека ни на сон не ми било излезено дека вака не машки ќе одиграат дел од моите сопартијци. Да лобираш особено пред вториот круг на овие Локални избори членството кое до вчера си го терал да гласа овој пат да ги бојкотира изборите и наместо кон кутиите да си седат дома ни на крај памет не ми одело. Срамно и понижувачки чин од кој не само јас туку повеќето мои истомисленици сме згрозени и разочарани. На овие избори не ги послушав туку гласав по мое убедување а до  другите избори ќе бидам веќе пензионер и нема кој да ме уценува со работното место. Сакам на тие агитатори познати во нашата партија како улизици  да им порачам да знаат дека за инат на нив јас и моите истомисленици секогаш ќе гласаме контра од нив бидејќи ја претераа. Партијата не е нивна своина па така да се однесуваат. Тие неколкумина големи фраери изминатите години  се добија од СДСМ и не само за себе туку и за своите најблиски и сега потпомогнати од две т.н. госпоѓи што далеку се од тоа агитирале од куќа до куќа како да се постапува. Ме чуди што и некои кои беа на листата на овие избори како и во претходниот совет кои четири години збор не кажаа, во неделата си седеа дома. Значи вака, многу бргу ќе бараме од истомислениците да потпишеме петиција која ќе ја испратиме до највисоките органи во партијата да дојдат што поскоро во Кочани и да ја заклучат канцеларијата бидејќи таму од партија нема ниту п, се слуша поединец кој од сето ова само тој ќе ќари.  Колеги социјалдемократи ја гледате сликата во целата држава што се направи од една стабилна и голема партија. Не дозволувајте во животот да ви наредуваат луѓе без морал, желни за личен интерес и ништо повеќе. Јас како член на СДСМ ниту сум дозволувал ниту ќе дозволам некој да си поигрува со мене, не дозволувајте и вие. На крај една голема благодарност за просторот што ќе ми го дозволите на вашиот портал“.

Ваш читател

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ