Во просториите на библиотека „Искра“ во Кочани која воедно беше и организатор се одржа 21. издание на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ на кој зедоа учество ученици од основните училишта во општината.
Натпреварот се одржа во периодот кога е на програмата „Месецот на книгата“ која пак започна на 15 Октомври и ќе трае до 15 Ноември.
Учесниците на натпреварувањето одговараа на тест прашања од областа на библиотекарството, а откако истите беа проверени од страна на комисијата беа прогласени најуспешните.
Годинава признанието „Најдобар библиотекар“ му припадна на Матеј Георгиев ученик во 9-то одделение во ООУ „Малина Попиванова“, второпласирана е Ивана Петрова ООУ „Никола Карев“ а третото место го освои Славица Стојанова“ ООУ „Раде Кратовче“.
Годинешниот победник ќе ја претставува нашата општина на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој на 12-ти Ноември ќе се одржи во Охрид.
Организаторот на натпреварот Библиотека „Искра“ на сите учесници им подари благодарници и книги, а додека прво наградените тројца добија дипломи за освоените места.
С. Ивановски