ПОБЕДА ОД ВАЛАНДОВО ЕСЕНСКИ ШАМПИОН ВО ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
ноември 24, 2025
1 минути

Со одигрувањето на натпреварите од 11-тото коло заврши есенскиот дел од сезоната во Трета Фудбалска Лига – Исток. Со победата во Делчево екипата на „Победа“ од валандово остана на првото место и е есенски Шампион.

„Ударник“ кој во чекор ја следи „Победа“ дојде до три можне големи бода во „Карбинци“.

Екипата на „малеш“ загуби на домашен терен од „Овче Поле“ а додека „Светлост Зрновци“ беше торпедирано од „Тиверија“.

Натпреварот „Хоризонт Турново“ – „Рудар“ е одложен со цел да се сочува теренот на кој играат помладите категории на репрезентацијата на Македонија. За големо чудо наместо да се одигра на друг терен во околината дознаваме дека овој натпревар е одложен за пролетта.

Резултати од 11-тото коло:

Малеш – Овче Поле  1:5

Тиверија – Светлост Зрновци  9:3

Карбинци – Ударник  1:3

Брегалница 1926 – Победа (В)  1:2

Хоризонт Турново – Рудар (одложен)

Есенски шампион е Победа (В) со 28 бодови а зад неа следуваат Ударник 25, Овче Поле 22, Хоризонт Турново 16 (-1), Карбинци 13, Брегалница 1926  12, Рудар 11 (-1), Тиверија 10, Малеш 5, Светлост Зрновци 4 и Дојранско Езеро 4.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ