ПОБЕДИЈА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ, ПОБЕДИ КОЧАНИ

ноември 13, 2024
1 min read

На денешната 54-та седница на Советот на Општина Кочани со 19 гласа ЗА беше донесена одлука да до отворањето на Регионалната депонија во Општина Свети Николе и до изборот на постојан оператор за одржување и затворање на Градската депонија во Кочани, истата да се користи само за истовар на смет од Општина Кочани, но не и од општините Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево или некои други општини.

Паралелно со оваа одлука на предлог на советничката Жаклина Филипова  Свеќаровска беше донесена одлука и за формирање Еко патрола, еден вид на надзорно тело која ќе врши надзор и ќе го следи депонирањето и третирањето на сметот.

Со оваа едногласна одлука денес победија најпрвин сите оние повеќе од три илјади граѓани кои трета седмица по ред беа најголемиот жив штит со кој се овозможи нивните сограѓани да дишаат чист воздух и да ги немаат во иднана проблемите кои во изминатиот период едноставно го гушеа населението во Кочани и околните места.

По потпишувањето на одлуката истата ќе биде доставена до Општините Зрновци, Виница, Чшиново-Облешево и другите општини од регионот како и до Владата на република Македонија.

Денес победи заедничкиот став на сите граѓани на Кочани кој беше едногласно поддржан од советниците на Советот на Општина Кочани

Денес победија ГРАЃАНИТЕ на Кочани, денес победи КОЧАНИ.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ