НА САЕМОТ НА КНИГА ВО СКОПЈЕ ПРЕТСТАВЕН ЛИТЕРАТУРНИОТ ПОРТРЕТ НА АВТОРКАТА ЛЕНЧЕ СТОИМЕНОВА

април 25, 2026
1 минути

На 38, Саем  на книгата, кој под мотото „Отвори прозорец за нови светови“ се одржа во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје беше промовиран Литературниот портрет на роднокрајната авторка Ленче Стоименова.

На самиот настан беше претставено творештво на авторката: афоризам, поезија за деца и возрасни. Таа пишува повеќе жанрови како: драми за возрасни и деца, црта карикатури, илустратор е на корици од повеќе книги, рецензен, промотор. Ленче Стоименова. најголемите награди ги има добиено за афоризам, иако има многубројни награди и од другите области во кои твори.

Модератор на промоцијата беше  м-р Марјан Гијовски, а промотор м-р Марина Гоцевска. За музичкиот дел на настанот се погриши Борис Стоименов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ