Во организација на Општински Фудбалски Сојуз – Кочани во Хотел „Изгрев“ во Штип се одржа средба со претставниците на екипите кои ќе се натпреваруваат во годинешното првенство на Трета Фудбалска Лига – Исток.
На средбата присуствуваа претставници од 12 клубови кои се договорија новото првенство да стартува на 4. Септември.
Котизацијата ќе изнесува 110.000,00 денари од кои 60% ќе се уплатата пред стартот на првенството а преостанатите 40% пред почетокот на вториот дел од првенството. Во котизацијата влегуваат судиските и делегатските такси, плаќањето на жолтите и црвените картони како и административните трошоци за водење на лигата.
Осогово (Кочани), Овче Поле (Свети Николе), Малеш (Берово), Рудар (Пробиштип), Брегалница (Делчево), Чешиново 2015 (Чешиново), Карбинци), Победа (Валандово), Вардарски (Богданци), Тиверија (Струмица), Василево и Хоризонт Турново (Турново) се клубовите кои го најавија своето учество.
С. Ивановски