Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани, во соработка со Полициска станица – Кочани, спроведоа акција „Цвеќе за учесничките во сообраќајот“.
Претставници од ОСБСП – Кочани како и дел од вработените во Полициска станица – Кочани заедно со ученици волонтери со подарувањето на цвеќе на учеснички во сообраќајот од понежниот пол им го честитаа Меѓународниот ден на жената – 8.ми Март при тоа посакувајќи им безбедно учество во сообраќајот.
Акцијата беше организирана на улицата „Тодосија Паунов“ (кај автобуската станица) и пред „Шопинг центарот“.
С. Ивановски