ПОЛУМАТУРАНТИТЕ ОД КОЧАНИ И ОРИЗАРИ ГО ПРОСЛАВИЈА ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

јуни 14, 2024
0 min read

Полуматурантите од 5 те основни училишта од Кочани заедно со своите наставници синоќа во ресторан „Але Дар“ го прославија завршувањето на основното образование. Организирано со своите класни раководители, полуматурантите прославија и во училиштата.

ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари за нив приреди забава во дворот на училиштето каде што пред своите најблиски продефилираа низ украсениот училишен двор, се фотографираа за спомен, а на свеченоста беа прогласени и најдобрите ученици на кои им беа доделени дипломи за континуиран успех во основното образование.

За првенец на генерацијата беше прогласена ученичката Моника Иванова, на која директорката на училиштето Милева Богданова и додели диплома.

„За вас заврши уште една учебна година, крајот на едно поглавје од скалилата по кои се искачувате. Отворате друга, нова врата од вашиот живот. Нашата мисија како наставнички тим тука завршува, заеднички се искачувавме по деветте скалила, заедно се радувавме на сите ваши успеси затоа што тоа беа и наши успеси. Секој од нас на различен начин остави белег на вашата личност. Тука се разделуваат нашите патишта, нашата мисија продолжува понатаму, повторно да изградиме ваква успешна генерација како вашата“, истакна на свеченоста Милева Богданова, в.д директор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари.

Откако се фотографираа за спомен и прославија во училишниот двор полуматурантите од сите 5 основни кочански училишта организирано со своите наставници се упатија на прослава во ресторан „Але Дар“ каде што заеднички ја прославија својата полуматура.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ