ПОРАДИ ДЕФЕКТ ПРЕКИНАТА ИСПОРАКАТА НА ВОДА ЗА ОПШТИНА КОЧАНИ

јули 23, 2023
0 min read

Ги известуваме водокорисниците на територија на Општина Кочани дека водоснабдувањето до крајните потрошувачи е во прекин.

Поради невремето кое ја зафати Општина Кочани е настанат дефект во снабдувањето со електрична енергија на пумпите за вода. Исто така поради безбедносни причини, до целосно отклонување на дефектот од страна на надлежните екипи, пумпите ќе бидат исклучени од електро мрежата.

Се надеваме дека надлежните брзо ќе го санираат проблемот со електро напојувањето, по што пумпите ќе бидат ставени во функција, а очекуваме крајните корисници да ги добијат услугите во текот на вечерта.

КЈП  „Водовод“