За време на викендот (Сабота и Недела) патниот правец кон Пониква од крстосницата кај селото Бели ќе биде затворен,
Причината е поради повторното одржување на Меѓународен натпревар во автомобилизам на ридски патеки кој е дел од календарот на ФИА-ЦЕЗ.
И во двата дена полицијата ќе го затвора овој патен правец од 10:00 часот за да можат учесници во трката во Сабота и Недела од 12:00 часот ги одржат тренингот (Сабота) и трката (Недела).
Патниот правец ќе биде пуштен во сообраќај по завршувањето на тренингот, односно официјалната трка.
С. Ивановски