ПОРАДИ НАТПРЕВАР ВО АВТОМОБИЛИЗАМ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ПАТОТ КОН ПОНИКВА ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН

септември 1, 2022
1 минути

За време на викендот (Сабота и Недела) патниот правец кон Пониква од крстосницата кај селото Бели ќе биде затворен,

Причината е поради повторното одржување на Меѓународен натпревар во автомобилизам на ридски патеки кој е дел од календарот на ФИА-ЦЕЗ.

И во двата дена полицијата ќе го затвора овој патен правец од 10:00 часот за да можат учесници во трката во Сабота и Недела од 12:00 часот ги одржат тренингот (Сабота) и трката (Недела).

Патниот правец ќе биде пуштен во сообраќај по завршувањето на тренингот, односно официјалната трка.

С. Ивановски