ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНА ПОСЕТЕНОСТ НА ПОНИКВА, ДПД – КОЧАНИ АСИСТИРА ВО СПРАВУВАЊЕ СО СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ

февруари 1, 2023
1 минути

Снежната покривка на Осоговските Планини по автоматизам го зголеми интересот кај љубителите на зимските спортови и на рекреативците да го посетат спортско-рекреативниот центар Пониква.

Поради зголемената посетеност и поголемиот сообраќаен метеж во текот на изминатите викенди, членовите на Доброволното противпожарно друштво – Кочани активно асистираа на терен за непречено одвивање на сообраќајот, како и обезбедување олеснет пристап до паркинг места.

Благодарност од Општина Кочани до членовите на ДПД – Кочани за нивниот придонес, за одличната соработка и координација со Општината, како и до сите останати институции кои беа вклучени за непречено одвивање на сообраќајот.

Воедно се упатува апел кон сите граѓани и посетители на спортско-рекреативниот центар Пониква за совесно и одговорно однесување кон животната средина.

Општина  Кочани