ПОРАЗ ЗА КОЧАНЧАНКИ НА ОТВОРАЊЕТО НА ПРОЛЕТНАТА СЕЗОНА

февруари 25, 2023
0 min read

Девојчињата на ЖФК „Кочани“ со пораз го започнаа пролетниот дел од првенството во Прва Фудбалска Лига  за жени. Кочанчанки како домаќинки загубија од екипата на „Ас Јунајтед“ со 0:6 (0:2).

Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски во првото полувреме додека имаа сила му дадоа силен отпор на фаворитот од Струга, но во вториот дел далеку физички поспремните девојчиња на „Ас Јунајтед“ полесно доаѓаа до шанса и постигнаа уште четири погодока.

Првиот пролетен натпревар покажа напредок во некои фази на играта за „Кочани“, но ќе треба уште многу работа за да се создаде тим кој нема да се бори за опстанок во лигата.

Во вториот натпревар што се одигра во ова коло кој воедно беше и дерби, во Струмица „Тиверија“ загуби од екипата на „Љуботен“ со 1:3. Сите останати натпревари се на програмата утре (Недела).

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ