Денес на „Крушарски мост“ од страната на „Паркот на Револуцијата“ во Кочани беше поставен голем часовник.
Дознаваме дека часовникот е донација од „ИНСА“ (Индустрија сатова) од Земун (Република Србија) а целта е граѓаните на Општина Кочани кои дел од денот го поминуваат во „Паркот на Револуцијата“ да го имаат времето постојано на увид.
Токму затоа денес претпладнето екипи од Кочани во присуство на претставници од „ИНСА“ неколку часови работеа за да биде поставен часовникот.
С. Ивановски