Во организација на храмот „Св. Вмч. Георгиј“ а по повод претстојните Божиќни празници, денес на платото во Градскиот Трговски центар во Кочани беше поставена „Божиќна пештера“.
Денес и утре во периодот од 13:00 до 18:00 часот хуманите граѓани на Кочани ќе можат да донираат финансиски средства, храна и други намирници кои во пресрет на Божиќните празници ќе им бидат поделени на лицата од ранливите категории.
Хуманоста, пред сé.
С. Ивановски