ПОСТАВЕНИ НОВИ СЛИВНИ РЕШЕТКИ ЗА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

февруари 1, 2023
0 минути

Во изминатиот период интензивно се работеше на поставување нови сливни решетки на атмосферската канализација на повеќе локации во градот.

На улицата „Страшо Ербапче“ поставени се две нови сливни решетки, една на местото каде се вкрстува улицата „Страшо Ербапче“ со улицата „Роза Петрова“, а една на местото каде се вкрстува со улицата „Мородвиска Епископија“.

Нова сливна решетка е поставена и на улицата „Никола Карев“ кај Воен отсек и на улицата „Коле Неделков“ спроти Стришанска чешма.

На улицата „Кеј на Револуцијата“ се поставени две нови сливни решетки, едната се наоѓа спроти Уни Банка, а другата кај Градскиот парк на истоимената улица.

 Општина  Кочани