Деновиве Македонското еколошко друштво во соработка со Заштитеното подрачје „Осоговски Планини“ на Пониква ги промовираше поставените информативни табли за посетителите.
Таблите имаат информативен карактер и содржат општи податоци за заштитеното подрачје, неговата геолошка и биолошка разновидност како и интересни податоци и факти за туристичката понуда во регионот.
Туристичките информативни табли се изработени во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која има за цел да и помогне на Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо користење и управување.