Денес на Пониква беше потпишан договор за соработка меѓу Доброволната Планинска Спасителска Служба (ДППС) „Осогово“ – Кочани и Интернационалната полициска организација (ИПО) чие седиште е во Милано (Италија).
Целта на овој договор е за успешна соработка на проекти и програми кои се од заеднички интерес за двете организации и имаат за цел да го унапредат своето дејствување.
Освен договорот за соработка Интернационалната полициска организација која има консултативен статус со Економскиот и социјален совет на Обединетите нации, отвори и своја канцеларија во Кочани со што и те како ќе го зајакне своето постоење
Во рамките на соработката предвидена со договорот членовите на Интернационалната полициска служба ќе можат несметано да ги користат просториите и опремата на Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ од Кочани како тренинг центар.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ