Денеска, во хотел „Александар Палас“ во Скопје, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во присуство на министерката за труд и социјала, го потпиша Меморандумот за соработка за спроведување на програмата РОМАКТЕД, втора фаза.
Во досегашниот период Општина Кочани ги следеше сите препораки и учествуваше на сите планирани активности од национала контакт точка. Првично беше потпишан меморандумот за соработка од првата фаза во 2018 година, во којшто период беа извршени неколку работни акции и проекти со грант поддршка од програмата – бетонирање на околу 200м пристапен пат во ромската заедница, а со општински средства беа бетонирани и дополнителни 600м, со што локациите „колерски гробишта“ и „полатски пат“ се до 90% бетонирани.
Со склучување на овој Меморандум и продолжување на меѓусебната соработка и во втора фаза, се очекуваат уште повеќе работни проекти со поддршка од програмата.
Општина Кочани активно ќе се залага за брзо и институционално решавање на сите евидентирани проблеми во заедницата, а воедно и максимална поддршка кон граѓанските интереси.