ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

јуни 8, 2023
1 min read

Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал ги повикува фудбалските екипи, најдоцна до 18 јуни 2023 година, да се пријават за учество на турнирот. 

Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2. 000 денари на сметката на ОФС Кочани – 210041087870107 и да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.

Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани  или од официјалната веб-страница  www.kocani.gov.mk.

Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите.

Првата награда е во износ од 60.000 денари, втората од 30.000 и третата – 15.000 денари.

Дополнителни информации на телефоните: 077 881 346, 072 265 402.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ