Општина Кочани, во соработка со КЈП „Водовод“, повторно реализираше чистење на нелегално исфрлениот отпад во непосредна близина на Фабриката за вода.
Од теренот беше отстранет разновиден отпад, меѓу кој градежен шут, кабаст отпад и пластика, со што просторот повторно беше доведен во уредна состојба.

Општина Кочани апелира до граѓаните да не исфрлаат отпад на несоодветни места и да ја користат воспоставената инфраструктура за организирано собирање и отстранување на отпадот и најавуваат засилени контроли и соодветни санкции за несовесните поединци што ќе бидат затекнати во нелегално исфрлање отпад.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
