ДОЖДОТ ПОВТОРНО ГИ НАПОЛНИ ПОДРУМИТЕ НА УЛИЦАТА „МАРШАЛ ТИТО“

октомври 2, 2022
0 минути

Очигледно е дека жителите на улицата „Маршал Тито“ од Кочани мака мачат како да се заштитат од водата која после секој поголем дожд влегува во нивните подрумски простории.

Така беше и претходно, така беше и после синоќешниот дожд. Утринава додека минувавме низ улицата видовме неколку семејства секое на свој начин како ја исфрла водата од нивните подруми.

Дали изведбата на одводната канализација е грешката или немањето адекватни шахти по самата улица, е факт од кој не може човек и да сака, да избега.

Сепак надеж кај жителите од оваа речиси најголема улица во градот постои. Се надеваат дека надлежните ќе изнајдат начин да им го решат овој голем проблем кој трае многу од поодамна.

С. Ивановски