ПП ЛЕВИЦА, ЛО КОЧАНИ: ПОЧНУВА ПРОЦЕСОТ ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ ЗА КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

февруари 23, 2024
1 min read

Почитувани граѓани на Кочани и околината

Процесот за собирање на потписи за Проф. д-р Билјана Ванковска кандидат за претседател на Република Македонија од Левица почнува од 23.02. до 08.03.2024 година.

За време на собирањето на потписите Подрачните одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија, ќе работат СЕКОЈ ден (значи и ВИКЕНД) во периодот од 23.02. до 8.03. 2024 год. непрекинато во периодот од 08:00 часот до 20:00 часот и последниот ден, односно 08 март до 24:00 часот.

Во подрачното одделение на ДИК во Кочани ќе се собираат потписи за поддршка на кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска од граѓаните на општините Кочани, Чешиново – Облешево и Зрновци.

Адреса: ул. Раде Кратовче бр. 1, Кочани Локација: Во општинската зграда на О. Кочани, прв кат, прва канцеларија десно.

Политичка партија левица

Локален огранок – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ