ПРЕД 11 ГОДИНИ ДУБЛЕТ СИСТЕМОТ НА „ГЕОТЕРМА’ ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА

февруари 23, 2022
1 минути

Никогаш не е на одмет да се потсетиме на она што убаво и се случуваше на нашата општина. Изградбата на капиталните објекти можат да се избројат на прсти па затоа задоволство е да се напише збор два за направеното се во корист на граѓаните во општината. Еден од таквите капитални објекти кој пред единаесет години беше пуштен во употреба е дублет-системот на „Геотерма“.

Да се потсетиме што по тој повод тогаш порталот komarec.com.mk објави:

ПУШТЕН  ВО  УПОТРЕБА  ДУБЛЕТ  СИСТЕМОТ

Во присуство на голем број граѓани на општина  Кочани, како и гости од другите  општини на овој Регион денес на свечен начин во употреба беше пуштен дублет-системот на „Геотерма“.

Најпрвин за значењето  на системот на државно ниво пред насобраните  гости зборуваше Филип Иванов Дирекор на Управата за заштита на животната средина.

Големо внимание предизвика обраќањето на Амбасадорот  на Австрија во Република Македонија Алојз Краут кој упати голема благодарност до Агенцијата за Соработка за развој на Австрија еден од најголемите Инвеститои во објектот како и на сите осанати кои учествуваа во реализацијата на овој голем Проект.. Обраќајки им се на присутните на Македонски јазик, амбасадорот на Австрија упати голема благодарност и до двајцата Градоначаници на Оптина Кочани, Љубомир Јанев и Ратко Димитровски во чие време се изгради системот, како и до Директорите на КЈП „Водовод“, Љупчо Беличев и Љупчо Папзаов, односно Директорот на „Геотерма“, Јордан Наунов.

За самиот дублет-систем од интерес на општината Кочани, зборуваше Градоначалникот на Општина  Кочани, Ратко Димитровски.

Дублет системот е инвестиција со вредност од 1.914.246 Евра, средства кои беа обезбедени од страна на инвеститорите: Агенцијата за Соработка за развој на Австрија, Владата на Република Македонија, Општината Кочани и КЈП „Водовод“. Период за имплементација на Проектот беше Ноември 2006 – Јануари 2011 година.

По свеченото пуштање  на системот во употреба во хотелот  „Национал“ беше прикажана кратка презентација на развојниот концепт  на „Геотерма“ а Градоначалникот  на Општина Кочани на сите оние кои  директно беа вклучени во изградбата на овој капитален Проект им додели признанија.

С. Ивановски