ПРЕДАВАЊЕ ПО ПОВОД 14 НОЕМВРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕСОТ

ноември 7, 2022
0 минути

По повод 14 Ноември Светскиот ден за борба против дијабетес, Здружението на дијабетичари од Кочани денес во просториите на СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани организираше предавање наменето за наставниот кадар од основните и средни училишта како и од градинките од регионот.

Целта на средбата беше да се запознаат вработените со тоа што е дијабетес и како да им помогнеме и дадеме поддршка на децата со дијабетес, како и тоа дека децата со дијабетес може и треба да живеат сосема нормален живот како и останатите деца.

Но сепак за да се сето ова реализира на децата им е потребна поддршката од наставниците се со цел поуспешно справување со дијабетесот но и превенција на итни, непожелни состојби на многу низок или многу висок шеќер во крвта.

С.  Ивановски