ПРЕДИЗВИК „GREEN UP, GROW UP“

март 9, 2022
1 минути

Почитувани креативци, уметници, модни дизајнери, родители, сограѓани.

Би сакале да Ве поканиме да бидете дел од големиот ЕКО предизвик на градинката „Павлина Велјанова“. Во рамките на ERASMUS+ проектот „Our world is one waste is zero“, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ ги повикува сите оние кои се чуствуваат креативни, иновативни и се грижат за животната средина да се вклучат во нашиот предизвик „GREEN UP, GROW UP“.

Во месец Мај предвидено е да се одржи модна ревија со костими од реупотребени отпадни материјали. Поради тоа потребна ни се Вашите драгоцени знаење, желба, работа и време.

ШТО ТРЕБА ЗА ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ ВО ПРЕДИЗВИКОТ

Многу љубов кон децата и планета Земја! Желба за работа! Да создадете Ваша креација и со наша помош да ја изработите, создадена од веќе употребени материјали. Костимот и материјалите за изработка се по Ваша желба. Запамнете секоја Ваша изработка претставува богатство за нас!

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВАМ

Можете да се пријавите до 25.03.2022 на слединиве начини: Пријавата можете да ја потполните на следниов линк, https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfQJodIkLMFx9ko2qyc5LiJwT1T_–qGWsxQicz5X4Akpb1kQ/viewform?usp=pp_url да се пријавите во некој од објектите на градинката „Павлина Велјанова“, или на следниов телефон и емаил:

Вера Костова 070/786-099 pavlinaveljanova2@gmail.com

БИДИ КРЕАТИВЕН, ИНВЕНТИВЕН ЕКОЛОГИСТ, ВКЛУЧИ СЕ ВО НАШИОТ ПРЕДИЗВИК!

Тимот на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“- Кочани