Детската градинка „Павлина Велјанова“, во соработка со Општина Кочани, започна со реализација на предновогодишната забавна програма наменета за најмладите сограѓани.

На платото пред Центарот за култура „Бели мугри“, во Паркот на револуцијата во Кочани, се одржа весела програма со учество на децата од сите објекти на градинката, кои преку песна, игра и сценски настапи придонесоа за празнична атмосфера во градот.

Предновогодишната програма продолжува и во наредните денови. В недела, 28 декември, со почеток од 12 часот, најмладите ќе имаат можност да уживаат во забава со омилените ликови Стела и Сани. В понеделник, со почеток од 11:30 часот, забавни и креативни содржини ќе приредат учениците од основните училишта од Кочани, додека во вторник децата ќе се дружат со популарните Биби и Боби.

Со оваа програма, Детската градинка „Павлина Велјанова“ и Општина Кочани имаат за цел да создадат радосна празнична атмосфера и да им овозможат на најмладите незаборавни моменти во пресрет на новогодишните празници.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
