ПРЕКИНАТИОТ НАТПРЕВАР „СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ“ – „ХОРИЗОНТ ТУРНОВО“ РЕГИСТРИРАН 3:0 ЗА „СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ“

Во Спорт
април 23, 2025
1 минути

Натпреварувачката комисија при Трета Фудбалска Лига – Исток го регистрираше прекинатиот натпревар од 15-тото коло „Светлост Зрновци“ – „Хоризонт Турново“ со службен резултат 3:0 за екипата на домаќинот.

Во донесената одлука од Натпреварувачката комисија при Трета Фудбалска Лига – Исток се вели:

„Комисијата на натпревари на ТМФЛ Исток согласно по член 75, став 4, член 77, став 4, и член 87 од Правилникот за натпревари донесе одлука натпреварот помеѓу „Светлост Зрновци“ – „Хоризонт Турново АД“ одигран во Зрновци, се регистрира со резултат 3:0. По добиениот делегатски извештај и изјавите од судиите на натпреварот во 76 минута од натпреварот играчот со број 19 Сашко Пандев од ФК „Хоризонт Турново АД“ извршил физички напад врз вториот помошник судија Игор Филипов, натпреварот бил прекинат“.

С.  Ивановски.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ