Денеска во ООУ „Никола Карев“ – Кочани, се одржа настан – „Игри без граници со вклучување на деца со попреченост“. Целта на настанот е преку спортски игри во кои уествуваа деца со попреченост од Кочани и соседноти општини да се промовира инклузивно спортско образование и да се потенцира дека во спортот не постојат разлики.

Исто така на настанот беше промовирана и спортската опрема која беше набавена во рамки на проектот од која најголем дел е наменета за деца со попреченост.

На настанот присуствуваше Амбасадорот на Република Бугарија Н.Е. Жељаско Радуков како и Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора Г-ѓица Биљана Митева. Настанот дополнително беше збогатен и со присуство на фудбалери од ФК „Осогово“ Кочани и ФК „Светлост“ – Зрновци.

Проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование е финансиран од Бугарската развојна помош, а го спроведува Македонско-бугарската стопанска комора. Партнер во проектот е ООУ „Никола Карев“ од Кочани.

Главна цел на проектот е обезбедување инклузивно и квалитетно спортско образование и збогатување на училишната спортска опрема во ОУ „Никола Карев“ – Кочани.
Вредноста на проектот е 14.411 евра и истиот ќе се реализира се до крајот на 2025 година.

Ирена Мирчовска – Координатор
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
