ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРОТ НА ООУ „МАЛИНА ПОПИВАНОВА“

март 2, 2023
0 минути

Директорот на ООУ „Малина Попиванова“ од Кочани  Благој Петров на денешната прес конференција ги најави претстојните активности на училлиштето.

Го најави Базарот на можности, што ќе се одржи на 7 март, ден пред Меѓународниот ден на жената. Во оваа активност, односно во изработка на ракотворбите што ќе бидат изложени на продажба, се вклучени учениците, нивни родители како и пријатели на училиштето.

Собраните средства од Базарот ќе бидат искористени за патрониот празник како и за хуманитарни цели.

На денешната прес понференција директорот Петров, го најави и почеток на новиот проект од програмата „Еразмус +“ насловен како „Цели за одржлив развој”, во кој се вклучени и училишта и здруженија од Реунион (регион на Франција), Турција, Италија, Бугарија и Македонија.

Паралелно со овие активности, во училиштето е започната  и реконструкцијата на работните простории на сите служби, а ќе се уредува и влезниот дел од училишниот двор.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ