ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ: ГРАДСКА ЧЕТВРТ 5

февруари 20, 2024
1 минути

Почитувани сограѓани,

Ромската заедница во нашата општина со децении се соочува со сериозни проблеми кои го отежнуваат секојдневието, за што јавноста е добро запознаена. Немањето на детален урбанистички план за овој дел од градот беше главна причина ромското население да нема елементарни услови за живот, како добивање на одобренија за градба за сопствени живеалишта, водовод, канализација, улици…

Денес, по неколкугодишната изработка на ДУП за Градска четврт 5, се доби шанса овој дел од градот да добие урбан лик како што доликува и нашите граѓани да добијат достојни услови за живот. Советникот од редовите на СДС, Аки Акиов (ПДПР) како ЕДИНСТВЕН претставник на ромската заедница во Советот, избран токму од нив за да ги застапува и брани нивните интереси, да се бори за нивните права и да придонесува за развој на овој дел на градот, истиот НЕ ДАДЕ подршка тие да уживаат подобар живот.

Со неговото гласање, тој НЕ ДАДЕ подршка за: – Формираната градежна парцела А3 – групно домување со која трајно се решава проблемот на жителите од старата касарна и истата се наоѓа спроти фабриката за третман на вода.Со изработка на урбанистички проект ќе се дефинираат површините за градење, а основниот проект е веќе изготвен; – Изработка на инфраструктурни проекти – улици, потпорни ѕидови, водоводна и канализациона мрежа кои со овој ДУП се дефинирани, добивање на нивно Одобрение и реализација; НЕ ДАДЕ ПОДРШКА И ЗА: – Решавање на проблемот со бесправно изградените објекти кои граѓаните беа принудени да прават поради немање ДУП за овој дел на градот, а сега ќе може извадат соодветни Одобренија за градба; – Откуп на дворно место на земјиштето кое е сопственост на Р.Македонија каде што има легализиран објект; – Парцела предвидена за детска градинка, детски игралишта, повеќе зелени површини и паркови, и урбанизира средина за живеење.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ