По повод 23. издание на Новогодишниот концерт, денес во просториите на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани се одржа прес-конференција на која директорката на училиштето Марија Лазарова ги запозна граѓаните со начинот на подготовките и деновите на одржувањето на концертите.
Лазарова истакна дека по четири години пауза од оправдани причини, конечно одржувањето на концертот се враќа во салата на НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани. Годинешниот концерт насловен како „Музичката работилница ба Дедо Мраз“ е под покровителство на Општина Кочани а како и секоја година, така и годинава спонзор на костимите за 180 учесници е компанијата „ИНТ Груп“. Концертот ќе се одржан во два дена, 25 и 26 Декември со почеток од 17:00 и 19:00 часот.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба веќе од утре (Среда) на билетарницата во НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани а истите ќе чинат 300,00 денари.
С. Ивановск
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ