ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ ПРЕДЛОЖЕН ОД „ЛЕВИЦА“ БИЛЈАНА ВАНКОВСКА ВО ПОСЕТА НА КОЧАНИ

април 16, 2024
1 минути

Под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата!“ денес во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани кандидатот за Претседател на Република Македонија предложен од партијата „Левица“, Билјана Ванковска оствари средба со граѓаните на Кочани.

 

Во разговорите со граѓаните Ванковска им претстави дел од програма со цел како што нагласи да се врати достоинството на нацијата.

Во изјава за медиумите професор Билјана Ванковска истакна дека иако студијата на сите седум кандидати им се отворени за дебатирање другите нејзини противкандидати како да бегаат од дуели.

Ванковска истакна дека таа верува дека обичниот граѓанин ќе ја препознае нејзината програма и дека со заокружувањето на бројот 5 таа ќе помине во вториот круг.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ