ПРЕТРЕС ВО КОЧАНИ, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, ПРИВЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ

јули 1, 2022
0 минути

Денеска (01.07.2022) околу 11.10 часот од страна на полициски службеници од ОВР Кочани, по наредба на Основен суд Кочани, извршен е претрес на дом и други простории кај С.Џ.(47) од Кочани, при што се пронајдени и одземени 11 пакувања со марихуана и семки од растение.

Поради сомнение за сторено кривично по чл. 215 од Кривичниот законик, С.Џ. е лишен од слобода и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кочани, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ИЗВОР: Дневни Соопштенија од МВР