ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАДЕЖНИ И ПРОЕКТАНТСКИ ФИРМИ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

декември 28, 2021
0 min read

Денес, Општина Кочани организираше средба со претставници на градежни и проектантски фирми и претставници на слични дејности од општината. Целта на средбата беше меѓусебно запознавање и споделување искуства и проблеми со кои се соочуваат во нивното работење.

На средбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и претставници од Секторите за урбанизам и уредување и располагање со градежно земјиште при Општина Кочани.

„Ние како Општина и како Инспекциски служби, урбанизам и сите други служби сме на страната на градежните компании, проектантски фирми и граѓаните и сакаме да им излеземе во пресрет на нивните проблеми. Нашата работа зависи исклучиво од нивното работење и инвестирање, па поради тоа на денешната средба сакаме да ги слушнеме исклучиво нивните проблеми и потешкотии. Светската криза особено го погоди градежниот сектор и изминативе две години забележливо е дека помалку се инвестира во градба, а проблем има и со недостатокот на инженери, мајстори и останати работници“, истакна Николчо Гоцев, градежен инспектор во Општина Кочани.

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов очекува спроведената средба да биде конструктивна, да се слушнат сите идеи и проблеми и да се излезе во пресрет, се со цел да се оствари успешна соработка.

Општина  Кочани