Започнаа активностите за поставување на долго очекуваниот споменик во „Паркот на Револуцијата“.
Споменикот претставува метална реплика на вилинско коњче со метални крилја исполнети со витраж, висок е околу 5 метри а широк околу 3,5 метри.
Во разговор со одговорните лица и донаторите, кои присуствуваат на поставувањето, дознаваме дека работите ќе траат 3 дена до целосно оформување на сите детали.
Да потсетиме дека вилинските коњчиња, покрај лилјаците, се главни истребувачи на комарците кои во Кочани ги има во изобилие.
Да се надеваме дека сите сограѓани ќе го ценат ова освежување на градот и совесно ќе се однесуваат.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ