ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УЧИЛИШТЕТО „ЧАНАККАЛЕ КОЛЕЏ“ ВО ПОСЕТА НА СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“

октомври 16, 2023
1 минути

По минатогодишната посета на нашето училиште СОУ „Гошо Виќентиев”- Кочани во Република Турција во училиштето „Чанаккале Колеџ“, денес имавме чест да бидеме домаќини на претставници од нивното училиште и да ја продолжиме досегашната сорабтката која во иднина ќе се состои од размена на ученици од Македонија и Турција.

Во периодот кој следува, за време на зимскиот распуст ученици од „Чанаккале Колеџ“ ќе престојуваат во нашиот град, а напролет ученици од нашето училиште ќе бидат гости во Република Турција.

Целта е заеднички да учествуваме во меѓународни натпревари во технички науки, каде што во делот на роботика нашите ученици ќе ги споделат своите искуства со нив и ќе ги презентираат постигнатите резултати во роботиката, додека учениците од „Чанаккале Колеџ“ ќе ги претстават своите проектите од делот на автомобилската индустрија (производство на макети за електрични автомобили) и изработка на макети за ракети.

СОУ „Гошо Викентиев“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ