ПРЕВЕНТИВНА АКТИВНОСТ НА ОВР КОЧАНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ

мај 30, 2023
0 минути

Вчера (29.05.) полициски службеници од Полициската станица Кочани заедно со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на сообраќајот Кочани, при ОВР Кочани, во општинското основно училиште “Крсте Петков Мисирков“ во село Оризари за учениците од прво и второ одделение спроведоа едукативно предавање од областа на сообраќај под мото “Јас како пешак и велосипедист“.

Во рамки на едукацијата од страна на полициските службеници, преку практични и искуствени примери учениците беа запознати со сообраќајните правила и прописи за децата како пешаци, но и како корисници на велосипеди и тротинети. Притоа беше посочена важноста на сообраќајните знаци пред се вертикалната и хорзонтална сигнализација, што претставува дел од сообраќајната култура и совесноста.


ИЗВОР: Соопштение на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ