РЕАКЦИЈА НА ЖИТЕЛИ ОД УЛИЦАТА „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

мај 17, 2023
1 минути

Продолжуваме со објавувањето на писма од граѓани со кои сакаме да укажеме на нивните проблеми што ги имаат а реално, надлежните не се во состојба да ги дознаат на поинаков начин. И денес добивме едно писмено известување од жители од улицата „Ѓорче Петров“ од Кочани во кое како што истакнуваат замолуваат да се изнајде начин за да им се реши еден проблем кој веќе подолго време го имаат и од кој трпат материјална штета како учесници во сообраќајот.

Писмото го пренесуваме во целост.

„Ја прочитавме денешната објава на Водовод за санирање и реконструкција на оштетените шахти на коловозот што и беше причина да го испратиме овој допис се со цел да најдеме сите едно заедничко решение за она што го имаме како проблем веќе подолг период. Ние жителите што живеат на улицата Ѓорче Петров во населбата Бејрут ѓи замолуваат надлежните институции доколку има можност да се санираат огромните дупки кои се отворени подолг период бидејќи е загрозена безбедноста на возачите и на пешаците. Во неколку наврати за да се избегнат огромните дупки пешаците се доведуваат во ризик а имаме и штети на возилата односно на гумите. Целта не ни е да критикуваме некого туку навистина да најдеме начин да го решиме овој проблем  Однапред благодариме на разбирањето и се надеваме на побрзо решавање ма проблемот“.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ