Спроти денот на одбележувањето на „Денот на полицијата“ 7-ми Мај, денес во дворот на ОУ „Никола Карев“ во Кочани беше извршена презентација на возилата и опремата со која располага ОВР – Кочани.

На настанот присуствуваа началникот на ОВР Кочани, Тоше Стојанов, началникот на СВР Штип Игор Јаковлевски, командирот на ОВР Кочани Драганче Даневски како и дел од службените лица вработени во ОВР Кочани.

Презентацијата ја посетија ученици од основните училишта во општината на кои вработените од ОВР Кочани им ја презентираа опремата, и возилата, им објаснија за нивната цел и употреба, едноставно желбата беше полицијата да ја доближи својата работа до граѓаните а со тоа и да ја зајакне довербата и соработката со заедницата.


С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
