ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ПО ТРЕТИ ПАТ ПОБЕДНИК НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР „ДРАГАНИЦА КУП“

Во Спорт
јуни 1, 2025
1 минути

Екипата на „Победа“ (Прилеп) е годинешниот победник на 19-тото издание на  меморијалниот фудбалски турнир „Драганица Куп“ откако денес во финалето ја совладаа мошне добрата екипа на „Вихрен“ од Сандански (Република Бугарија)  со резултат 1:0 (0:0).

Во увертира на финалето во борбата за третото место домаќинот и воедно организатор на турнирот „Осогово“ ја совлада „Беласица“ (Струмица) со 1:0 (1:0).

По за вршувањето на турнирот беа прогласени најуспешните три екипи за кои организаторот обезбеди пехари а беа прогласени инауспешните во поединечна конкуренција. Најдобар стрелец со три постигнати гола е Крум Димчев (Вихрен), Најдобар голман без ниту еден примен гол од игра е Виктор Ангелески (Победа) а за Најдобар играч е прогласен Андреј Петрески (Победа).

Годинава иако организаторите на турнирот се потрудија да поканат звучни имиња сепак како и досега турнирот беше посетен од мал број на гледачи, особено загрижува што на турнирот во овие деветнаесет години речиси никој од генерациите на големото Кочанско фудбалско име Драган Михајлов – Драганица не најде време да се најде на трибините на стадионот „Никола мантов“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ