Во саботата Охрид беше домаќин на традиционалниот карате турнир „Охрид Опен 2025“.
Каратистите од Карате Клуб „Кочани“ од Кочани на турнирот учествуваа со 10 натпреварувачи кои освоија 15 медали од кои: 4 златни, 6 сребрени и 5 бронзени.
Златните медали ги освоија::
– Алексеј Ристов U10 до 30 килограми,
– Лана Ристова U10 +32 килогами,
– Томислав Ристов U14 до 50 килограми и
– Лука Златков U14 до 55 килограми.
Сребрените се најдоа на градите на:
– Ана Костадинова U10 +32 килограми,
– Дамјан Симеонов U12 до 30 килограми,
– Душанка Ристова U14 до 45 килограми и повторно
– Душанка Ристова кадети до 47 килограми,
– Лука Златков U14 до 50 килограми, и
– Наталија Карова U21 до 50 килограми.
Освојувачи на бронзените медали:
– Алексеј Ристов U10 до 35 килограми,
– Илина Костадинова U12 до 44 килограми,
– Томислав Ристов U14 до 45 килограми, и
– Лука Ѓоргиев кадети до 63 килограми и повторно
– Лука Ѓоргиев јуниори до 68 килограми.
„И годинава бевме дел од карате турнирот Охрид Опен на кој што нашиот клуб учествуваше со 10 натпреварувачи од кои некои настапија во две категории и освоивме 15 медали и повторно, четворица наши натпреварувачи се сретнаа во две финалиња. Продолжуваме со работа и очекуваме и понатака да освојуваме голем број на медали“ беше изјавата на Игор Каров – тренер на карате Клуб „Кочани“ од Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ