ПРВА МЕЧ ТОПКА ЗА „ОСОГОВО“

Во Спорт
мај 6, 2022
0 минути

Во Сабота се играат натпреварите од 26, претпоследно коло во Втора Фудбалска Лига – Исток.

„Осогово“ ја има првата меч топка во своите раце. „Жетварите“ го пречекуваат директниот конкурент за избегнување на последните три места „Детонит јуниор“. Натпреварот е големо значење за фудбалот во „градот на оризот“ бидејќи со освојувањето на трите бода ќе се биде на чекор за влез во единствената втора лига која ќе стартува од следното првенство.

Дерби натпреварот се игра во Струмица каде домаќинот „Беласица“ ја пречекува „Слога 1934“. Натпреварот е од големо значење за двете екипи бидејќи поразениот ги губи шансите за едно од првите две места на табелата.

Рударите во Македонска Каменица ќе го угостат „Кожуф“ а лидерот „Победа“ им е домаќин на Пехчевци. Во Градско се среќаваат двете последнопласирани екипи кои одамна си ги визираа пасошите за враќање во третата лига.

Двојки за 26 коло:

„Осогово“ – „Детонит јуниор“

„Беласица“ – „Слога 1934“

„Каменица Саса“ – „Кожуф“

„Победа“ – „Пехчево“

„Локомотива“ – „Братство“

Сите натпревари започнуваат во 17:00 часот.

С. Ивановски