ПРОГЛАСЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ГЕРЕРАЦИЈАТА 2019-2023 ВО СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ

август 31, 2023
1 минути

Како и секоја учебна година така и оваа во СОУ „Љупчо Сантов“ на крајот на годината ги наградуваме најуспешните ученици кои постигнале континуирано одличен успех во сите четири години и врвни резултати на натпревари.

За првенец на генерацијата 2019-2023 е избрана ученичката Мери Манасиева од 4-6 паралелка за постигнат најдобар успех и поведение.

Во знак на признание за примерно и совесно учење, континуирано одличен успех, залагање во работата и постигнатите резултати се доделува пофалница на Христина Крстова од 4-8 паралелка.

Пофалници во знак на признание за примерно и совесно учење, залагање во работата и постигнатите резултати се доделуваат на: Леонид  Петров од 4-4 паралелка, Јована Андова од 4-5 паралелка, Анастасија Михаилова од 4-7 паралелка, Ангела Мирова од 4-8 паралелка, и Стефанија Алексова од 4-8 паралелка.

Пофалница се доделува на Јована Крстовска од 4-7 паралелка во знак на признание за ангажирање во работата на Младинската организација и афирмација на училиштето.

На сите овие ученици им посакуваме уште многу идни успеси.

 

СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ