ПРОМЕНА ВО РАКОВОДНАТА СТРУКТУРА НА ДАФ

февруари 20, 2022
0 минути

Поради преголеми обврски околу моменталниот ангажман што досегашниот извршниот директор на ДАФ, Дарко Спасов, го има во матичната куќа НУ „Театар Комедија“ како в.д. Директор, а за непречено и квалитетно организирање на фестивалот, тој се повлекува од функцијата а со одлука на собранието за нов извршен директор се назначува КристинаАтанасова Арсова.
Во телефонскиот разговор  Спасов, не информираше дека оваа одлука има за цел организацијата на еден од најстарите театарски фестивали кај нас да продолжи со несмалено темпо.

Посаквајќи му успешно работење на новиот извршен директор Спасов додаде дека по објавувањето на резултатите од конкурсот од Министерството за Култура на Република Северна Македонија е задоволен, особено што годинава, фестивалот, кумулативно, според финансиската поддршка од Министерството и од Општина Кочани ќе има мошне поповолни услови за побогата организација на ДАФ, во споредба со претходните години.

Собранието и понатака  останува во исти состав.

С. Ивановски